Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кај “Смрдлива дупка” тешка сообраќајка меѓу опел и запрежно возило, има повредени

На 16.08.2025 во 04:20 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат од с.Подареш кон с.Ораовица, на место викано „Смрдлива дупка“, радовишко, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) и запрежно возило, управувано од Ј.Т.(66), двајцата од с.Подареш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички од запрежното возило Л.Т.(66) и М.Т.(37), а со телесни повреди се здобил Ј.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК