Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура..

Прогноза за 18.08.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 19.08.2025
Минимална температура: 10°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.08.2025
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +