Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Целосно е расчистена дивата депонија во Крњево

Општина Центар информира дека мини депонијата во населбата Крњево е целосно исчистена од општинските служби. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека депонијата е отстранета веднаш по алармирањето од страна на граѓанин дека во близина на игралиштето во Крњево има „мини депонија“ на самиот влез во централното подрачје на главниот град.

„Со вакви брзи и ефикасни акции ја потврдуваме нашата заложба Центар да биде чисто и безбедно место за живеење. Продолжуваме систематски и навремено да реагираме на секој проблем со јавната чистота. Наш приоритет е одржувањето на хигиената и создавање услови за чиста и безбедна животна средина за сите жители. Ги повикувам граѓаните да продолжат да пријавуваат проблеми со јавната чистота во Центар, со цел брза интервенција на службите“, истакна Герасимовски.

Граѓаните може да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Во изминатиот период, службите на Општина Центар ги исчистија дивите депонии зад трговскиот центар „Буњаковец“, позади амбасадата на Грција и во близина на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско, апел до граѓаните да не наседнуваат

ДЕСК