Centar.mk
фото: Кабинет на Претседателот
-МАКЕДОНИЈА

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација.

Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и меѓународните настани и состојби.

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ споделија видувања за евроинтеграциите во коишто Црна Гора е водечка земја-кандидат, а македонскиот пат е блокиран со условување со уште една од низата уставни измени, иницирани однадвор.

Според нив, интензивните реформи, во духот на Копенхашките критериуми го европеизираат регионот, а пошироката трговска соработка и инфраструктура ја зајакнуваат неговата улога во европски рамки.

Претседателите уште еднаш укажуваат на нужноста од брза реинтеграција на регионот на Западен Балкан во Европската Унија, со оглед на високите безбедносни ризици, предизвикани од актуелните војни.

Посебно значење за Милатовиќ и Сиљановска-Давкова има потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели, како важен чекор во комуникацијата на највиталните, најкреативните, најреформските и најевропските човечки ресурси – младите!

фото: Кабинет на Претседателот

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК