Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари, соопшти СДСМ.

„На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на над 2 милиони евра каде таа е меѓу осомничените.

Очигледно, партиските и бизнис интереси се најважни за ВМРО-ДПМНЕ, поважни од интересот на младите и образованието.

Наместо да ја штити, владата треба веднаш да ја разреши Ана Михајлов од функцијата в.д. директорка. Јавното обвинителство, врз основа на наодите на ОЛАФ, да отвори постапка и да ги процесуира сите инволвирани лица.

Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за корупција и партиски профит. Одговорност мора да има.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК