Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Белата куќа ги намали очекувањата пред состанокот меѓу Трамп и Путин

Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, кои ќе се сретнат лице в лице за прв пат по шест години, во придружба само на нивните преведувачи, ќе се обидат да видат дали постои начин да се запре војната во Украина. Трамп рече дека за неколку минути ќе знае дали има простор за договор.

На состанокот нема да се дискутира за конечен мировен договор за Украина – кој, според претходните изјави на Трамп, би можел да вклучува поделба на територијата – предлог што украинскиот претседател Володимир Зеленски досега цврсто го отфрли.

Белата куќа вели дека не очекува голем исчекор, опишувајќи го состанокот како „сослушување“, а не како сериозни преговори./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК