Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор, а од нив во овој момент два се најсериозни.

„Најтешкоот е пожарот во Јасен, но и кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак. Гори на еден рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите успеавме да ги спасиме, тие се функционални, но пожарот се уште е активен. Овде дејствува еден полициски хеликоптер“, изјави Ангелов.

„Верувам дека овој пожар денеска ќе биде ставен под целосна контрола“, додаде Ангелов./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМСМ СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ – Затворена Галичица, изменет режим на патишта и задолжителна зимска опрема

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, симболот на небесната заштита и победата на доброто

ДЕСК

ДОБРА ВЕСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ – На граничните премини нема подолги задржувања, АМСМ со информации за денешниот сообраќај

ДЕСК