Centar.mk
СВЕТ

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

Севернокорејската функционерка Ким Јо-џонг, сестра на лидерот Ким Џонг-ун, ги отфрли тврдењата на Јужна Кореја дека Пјонгјанг отстранил дел од пропагандните звучници по должината на границата.

„Северна Кореја никогаш не ги отстранила звучниците и нема намера да ги отстрани“, изјави Ким Јо-џонг во изјава објавена денес од државната новинска агенција КЦНА.

„Многу пати јасно ставивме до знаење дека немаме желба да ги подобриме односите со (Јужна Кореја)“, рече таа, додавајќи дека овој став „ќе биде запишан во нашиот устав во иднина“.

Јужнокорејската војска претходно оваа недела соопшти дека Северна Кореја отстранила дел од своите звучници по границата, неколку дена откако Јужна Кореја демонтираше дел од своите.

Ким, заменик-директор на севернокорејскиот оддел за пропаганда, го нарече тврдењето на Сеул „неоснована еднострана претпоставка и димна завеса“.

Покрај пропагандните пораки, јужнокорејските звучници честопати вклучувале и K-pop музика, додека Северна Кореја пуштала вознемирувачки звуци како што е завивање на животни.

Јужнокорејците што живеат во близина на границата се жалеле дека бучавата од двете страни им го нарушува животот, понекогаш дури и среде ноќ.

Пјонгјанг ги смета пропагандните емисии на Сеул за воен чин и во минатото се заканувал дека ќе ги уништи звучниците./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК