Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: И во спортот дискриминација и етничко исклучување со алармантни размери

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција изразува длабока индигнација и силно противење на новиот состав на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, каде што Албанците се речиси целосно исклучени од раководните и одлучувачките структури.

Од вкупно 117 членови, само 4 се Албанци, шокантен показател за дискриминаторски пристап што е неприфатлив за една мултиетничка и европска држава. Уште поалармантна е целосната отсутност на Албанците во клучните органи:
• Управен одбор: 0 Албанци од 11 членови.
• Олимписки совет: 0 Албанци од 11 членови.
• Спортски арбитражен суд (САС): 0 Албанци.
• Комисија за етика: 0 Албанци.
• Комисија на спортисти: само 1 Албанец од 6 членови.
• Комисија за маркетинг: само 1 Албанец од 6 членови.
• Спортска дирекција: само 1 Албанец од 5 членови.
• Собрание на ОКСМ: само 1 Албанец од 25 членови со право на глас.

Во поголемиот дел од останатите комисии: правна, дисциплинска, родова застапеност, параолимписки игри, наука и спорт, антидопинг, финансии, е-спорт, надзорен одбор и комитет за дијаспора, застапеноста на Албанците е нула.

Ова не е само пропуст, туку јасна слика на исклучувачки менталитет што е спротивен на духот на Охридскиот договор, на принципите на еднаквост и на стандардите на демократските држави. Спортот треба да обединува, а не да разделува; да гради мостови, а не етнички бариери.

ДУИ бара итно преиспитување на овој состав и обезбедување на пропорционална застапеност на Албанците на сите нивоа на Олимпискиот комитет. Секоја одложување или избегнување претставува удар врз еднаквите права и опасен чекор наназад за меѓуетничката стабилност во земјата.

ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста и духот на Охридскиот договор, во секоја институција и во секоја област на животот – вклучувајќи го и спортот.

Можеби ќе ве интересира

Со години ја чекаа среќата: Овие два хороскопски знаци влегуваат во најубавиот период од својот живот

ДЕСК

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК