Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужасна трагедија во Швајцарија: Момче скокна од градски базен и уби маж

Вчера, 67-годишен маж загина во тешка несреќа на градскиот базен Ле Мелез во швајцарскиот град Ла Шо-де-Фон во кантонот Нојшател.

Јавното обвинителство отвори истрага за да ги утврди точните околности на инцидентот, објавува Polizei News.

„Околу 14:30 часот, центарот за итни повици на кантонот Нојшател добил пријава дека еден маж е повреден на базенот. Според првичните информации, несреќата се случила кога момчето скокнало од даска за скокање од пет метри и паднало врз мажот, кој се здобил со сериозни повреди и, и покрај брзата медицинска интервенција, починал на местото на настанот.“

Полицијата испрашала сведоци, а на базенот била повикана и психолошка помош за оние кои биле сведоци на несреќата.

Момчето вклучено во несреќата сè уште не е идентификувано. Полицијата во кантонот Нојшател објави дека трага по момче на возраст од околу десет години, со костенлива коса, облечено во темно сини костуми за капење, за кое се верува дека било придружувано од жена.

Можеби ќе ве интересира

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

C +

Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

C +

Путин се пофали со „летачкиот Чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

C +