Centar.mk
БИЗНИС

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазара, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше историски раст на продажбата во двете земји.

Во Велика Британија, „Тесла“ продаде само 987 возила минатиот месец, што е пад од 59,9 проценти во споредба со јули 2024 година, според податоците од здружението SMMT.

Дополнително, во Германија, продажбата на возила на „Тесла“ во јули се намали за 55,1 процент на годишно ниво на 1.110 единици.

Вкупниот резултат на „Тесла“ во Германија за првите седум месеци од 2025 година е исто така слаб – продадени се само 10.000 возила, што е пад од дури 57,8 проценти на годишно ниво.

За разлика од „Тесла“, BYD продаде 3.184 возила во Велика Британија во јули, четири пати повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека во Германија растот на продажбата беше речиси 390 проценти.

„Тесла“ се бори на европскиот пазар поради зголемената конкуренција од кинеските производители, но и поради политичките активности на извршниот директор Илон Маск.

Маск претходно во јули предупреди дека „Тесла“ може да очекува неколку тешки квартали поради новите царини и укинувањето на даночните олеснувања за електрични возила во Соединетите Американски Држави./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК