Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Скенирате фискални? – Подгответе се: Познато е кога тргнува исплатата на парите од МОЈ ДДВ!

Исплатата на повратот на ДДВ за скенирање фискални сметки за вториот квартал од 2025 година (април–мај-јуни) според законски пропишаните рокови треба да биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година, односно шеесет дена по завршувањето на второто тримесечје.

Доколку сте ги исполниле условите и сте скенирале фискални сметки, а воедно податоците за трансакциска сметка се точни и ажурирани, подготвените средства ќе бидат префрлени автоматски по обработката.

Во претходните исплати (за првиот квартал), како и за четвртиот квартал од 2024 година, се покажа дека најчести причини за одложување биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.

Што да направите за да ја добиете исплатата без проблеми:
Проверете дали сите сметки се евидентирани успешно во апликацијата „МојДДВ“.

Осигурајте се дека вашата трансакциска сметка е точно внесена и активна во системот на УЈП.

Следете ги официјалните соопштенија на УЈП и известувањата во апликацијата за актуелности.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата во Македонија – Колкава ќе биде корекцијата на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК