Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.

Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.

Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.

„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Невреме ја погоди Италија: се урна мост, поплави во неколку региони, спасувачи на терен

C +

Шефот на иранската армија: Ниеден американски војник не смее да преживее во случај на копнена инвазија

C +

Трамп: Целиот свет гледа и не може да поверува колку сме моќни и брилијантни

C +