Соопштение на ДУИ:
Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир, на своето последно гостување на телевизија ја потенцираше важноста на безбедноста и праведноста за граѓаните, посебно за оние кои биле измамени од дивоградбите. „Граѓаните кои штеделе цел живот за да купат свој стан и биле измамени со дивоградби, нема да бидат жртви на ниедна одлука што ќе ја донесеме ние во општината. Тие нема да бидат жртви“, нагласи Османи.
Првиот приоритет за Бујар Османи ако биде избран за градоначалник ќе биде да се потврди безбедноста на сите згради, особено на оние кои се изградени нелегално. „Шпекулациите дека не се почитувале законите и правилата за статиката и безбедноста се сериозни. Утре може да се случи пожар или земјотрес, а тоа може да резултира со безброј жртви“, изјави Османи. Тој додаде дека ако некои од овие згради не бидат безбедни, ќе се преземат мерки за нивно осигурување.
„Нема повеќе дивоградби во Чаир!“, категоричен беше Османи, додавајќи дека од денот кога ќе влезе во општина Чаир, дивоградби повеќе нема да има. „Легални градби врз основа на планови мора да има, но нема да се дозволат дивоградби надвор од планот“, изјави Османи.
Османи истакна и дека нема повеќе да се толерираат уцени за оние кои си постапуваат легално во процесите на легализација на објектите. „За сите легални објекти ќе обезбедиме поддршка, но не и за оние кои работат против законите и безбедноста“, додаде Османи.
Со оваа изјава, Бујар Османи го потврди своето ветување за безбедна и праведна општина Чаир, каде што законите и безбедноста ќе бидат на прво место за сите граѓани.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...