Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ФИЛМСКА ПРЕСТРЕЛКА: Еден убиен, повеќе повредени меѓу кои и малолетничка завршија во болница – Еве што засега се знае за страотниот инцидент во Тетово

Денеска (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено дека во 12.30 часот на крстосница од улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во Тетово се случила вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица ,,113″, а додека другото во непознат правец.

Од добиени сознанија од граѓани и очевидци на местото на настанот, добиена е информација дека возилото кое што се упатило кон ул.” 113″ дека се работи за патничко возило ,,форд фиеста” со тетовски регистарски таблички. Од извршената проверка било констатирано дека се работи за одјавени регистарски таблички од истото возило, сопственост на лицето Е.М.(19) од с.Гајре, тетовско.

При преземање мерки, на крстосницата од улица ,,Благоја Тоска” со улица ,,107″ било пронајдено патничко возило ,,фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, сопственост на Ф.Р.(46) од Тетово, додека во возилото пронајдено е едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје. За настанот е формиран тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово и увидна екипа од СВР Тетово.

Во моментот се врши увид. Исто така, во Клиничка Болница -Тетово биле пренесени три лица со повреди од кои едно малолетно девојче од Тетово со повреди од огнено оружје која е задржана на опсервација.

Другите две лица О.О.(34) и Р.Т. со прострелни рани, како итни случи се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Во престрелката од возилата повреден е и еден пешак А.С.(60) од Тетово, кој бил случаен минувач и бил пренесен во клиниките во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +