Centar.mk
фото Centar.mk / policija_sK_20230510_183859 / originalphoto/ sm/copyright all rights reserved
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час, соопшти МВР.

-На 08.08.2025 околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид. Тој со патничко моторно возило ,,сузуки” со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

ДЕСК

Ревизорските наоди откриваат наследени проблеми стари повеќе од една деценија – дел се веќе надминати, за останатите активно се постапува

ДЕСК

СООБРАЌАЈКА ВО ПРИЛЕП СО НЕОЧЕКУВАН ЕПИЛОГ – 18-годишник возел мопед без возачка дозвола, па бил уапсен

ДЕСК