Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

18 годишен возач на мопед со сопатник малолетничка удрил во автомобил – девојчето со тешки повредени е пренесено во болница, а кај возачот пронајден алкохол во крвта

На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, лице(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“, паркирано од И.Г.(47) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, при што било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,00 промили алкохол во организмот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК