Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија ја потресе Македонија: Син си ја уби мајката во Штип

Утрово 54 годишен маж си ја убил својата 84 годишна мајка во Штип.

МВР за медиумите информира дека трагедијата се случила на 8-ми август околу 2 часот во семејниот дом на убиецот и мајката.

Според достапните информации убиецот со остар предмет и нанел убодна рана на својата 84 годишна мајка, по што таа починала.

Лекарите можеле да констатираат само смрт.

Полицијата уште рано изутрина нешто по 4 часот по полноќ го уапсила осомничениот, а јавен обвинител наредил обдукција врз починатата жена.

Можеби ќе ве интересира

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК

Приведен 30-годишен гевгеличанец: При претреси пронајдени марихуана и куршум

ДЕСК

Во струмичка фирма недостигаат речиси осум тони сув цвет од медицински канабис

ДЕСК