7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петра Лукароска: Четиригодишно назадување на секое поле – ниту со 100 милиони евра Јовчески и ДПМНЕ не го заживеаја Прилеп

Прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ-Прилеп:

Четиригодишното владеење на ДПМНЕ на локално ниво, за Прилеп и прилепчани значи назадување на секое поле.

Животот на граѓаните стана поскап, стандардот вртоглаво опаѓа, куповната моќ се намали, условите за живот драстично се влошија.

Во четирите години власт на ДПМНЕ, сите јавни комунални претпријатија ги зголемија цените на услугите: „Комуналец“ за 67 отсто, градскиот превоз и паркингот поскапеа за 50 отсто, а наместо предизборно ветеното намалување, граѓаните добија повисоки сметки за вода.

Ако на сето ова се додаде и зголемениот данок на имот до 300 отсто, јасно е дека со ДПМНЕ прилепчани ги зафати финансиско цунами.

Но ниту поскапувањата, ниту потрошените повеќе од 100 милиони евра не им беа доволни на градоначалникот Борче Јовчески и ДПМНЕ да го заживеат Прилеп.

Напротив, во целиот мандат Јовчески успеа да реализира едно единствено изборно ветување, а сите општински јавни претпријатија влегоа во категоријата „загубари“, со вкупен долг од над 1.5 милиони евра.

Почитувани,

Неспособноста на локалните власти на ДПМНЕ да одговорат на потребите на граѓаните, немањето визија за развој на општината, го испразни градот. На улиците има повеќе дупки и кучиња од луѓе.

На Прилеп, во буквална смисла на зборот, му се случува распад на системот.

До локалните избори остануваат нешто повеќе од два месеца, моментот кога со своето гласање граѓаните ќе можат да го искажат задоволството, односно незадоволството од 4-годишното владеење на ДПМНЕ.

Она што е сигурно, е дека Прилеп заслужува поодговорна и подобра власт.

Време е за промени!

​ ​

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп

Можеби ќе ве интересира

Од 499 пријавени на обука за пожарникари се појавиле 364 – Стојанче Ангелов со детали

ДЕСК

Македонија завиена во црно: Во страотна сообраќајка на новиот пат, загинаа маж и жена од Делчево

ДЕСК

Владата со посебни одлуки: Се намалува цената на приборот за во школо, кризната состојба продолжува за 30 дена

ДЕСК