18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
copyright J.S.
-МАКЕДОНИЈА

Падна одлука: Овие државни работници ќе земаат 20 отсто повисока плата, покрај вработените повисоки плати ќе добијат и директорите – Потпишан колективниот договор меѓу Министерството за социјална политика и УПОЗ и СОНК

Се потпиша нов Колективен договор, 20% покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита, објави Министерството за социјална политика.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, од една страна, и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна, денес официјално го потпишаа Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

Со овој Колективен договор се овозможува зголемување на платите за 20% за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот материјален статус и мотивација за професионално извршување на одговорните задачи.

Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

Ова е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Верувам дека со подобри услови за работа, ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните!”, истакна министерот Лимани по потпишувањето на Колективниот договор.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +