Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од 499 пријавени на обука за пожарникари се појавиле 364 – Стојанче Ангелов со детали

– На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – (пилот мерка) се пријавија 499 кандидати, соопшти Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. 

-Од нив на обука се појавија 364 кандидати

По завршената дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување како и територијалните противпожарни единици на градот каде што се одвиваше обуката, понатаму ќе продолжат 352 лица кои во текот на утрешниот ден ќе потпишат договор за работно ангажирање за јавни работи со Агенцијата за вработување каде како партнер се јавуваат и Дирекцијата за заштита и спасување и соодветната општина која е дел од оваа владина мерка.

Благодарност до Црвениот крст кој активно се вклучи во обуката на кандидатите во сите градови, соопшти Стојанче Ангелов.

фото ДЗС

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК