Centar.mk
Фото: Фејсбук пејџ на Управа за извршување на санкции
МАКЕДОНИЈА

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

Во КПУ Затворот Струмица денес се реализираше значаен и хуман настан – законска регистрација на осудено лице кое моментално издржува казна затвор.

Овој чин беше спроведен под покровителство на директорот на установата, г. Зоран Ристов, и заменик-директорката, г-ѓа Наташа Лазарова Донева, во насока на почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност на сите лица, без исклучок, велат од Управа за извршување на санкции во својата објава на Фејсбук.

Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација.

Овој настан е резултат на успешна координација помеѓу Затвор Струмица , стручните служби и релевантните институции, а претставува и јасен показател дека и во пенитенцијарниот систем постои ангажман за унапредување на хуманоста, инклузивноста и правичноста.

Би сакале да изразиме благодарност до Наташа декорации и Глaмур декор за несебичната помош, велат од Управа за извршување на санкции.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +