Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица.

Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци.

Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската обиколница, а некои од нив останаа заробени во домовите од најдојдената вода и се удавија неможејќи да излезат.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите.

8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК