6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Алиу-Јаневска: Почеток на формално основно образование во болнички услови за децата на долготрајно лекување, со цел континуиран воспитно–образовен процес

Mинистерот за здравство, Азир Алиу, заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес ја посетија Клиниката за детски болести по повод воведувањето формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување.

– Во центарот на здравството е пациентот и ние како Министерство за здравство сме надлежни да креираме инфраструктура што ќе биде компатибилна со потребите за учење од далечина. Овој важен проект го реализираме во соработка со Министерството за образование и наукa и Здружението САНО. Министерството за образование ќе креира методологија и материјали што децата ќе треба да ги поминат, со цел да ги добиваат здравствените но и образовните услуги, истакна министерот Алиу.

Министерот најави дека за таа цел ќе се креира работна група за обезбедување квалитетен соодветен кадар за работа.

Министерката Јаневска истакна дека овој процес постојано ќе се унапредува и до овој момент, одреден број наставници веќе се на обука, за од 1 септември да можат да почнат да го работат тоа.
-Целта е децата да немаат застој во воспитно – образовниот процес и по завршување на лекувањето, полесно да се ресоцијализираат, да се вратат во училиштето и меѓу другарчињата, информираше министерката Јаневска и се заблагодари на сите кои учествуваат во проектот.
Директорот на детска Клиника, д-р Реџеп Мемеди посочи дека образованието не е само средство за учење, туку и клучна алатка за емоционална стабилност и зачувување на самодовербата на децата и според тоа, вклучувањето на децата од болница во формалното образование значи половина здравје, бидејќи доброто ментално здравје кај овие мали пациенти значи дека многу полесно и помотивирано ќе го поминат долготрајниот пат на лекување.

Можеби ќе ве интересира

Третина од контролираните субјекти биле со неправилности – УЈП напиша 66 глоби, затвори неколку објекти кои го повториле делото

ДЕСК

Расчистено убиство во Кавадарци, поднесена кривична пријава против лице кое си го убило братот

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид

ДЕСК