Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Цела ноќ борба со огнот во велешката фабрика – изгореа магацин со фрижидери и канцеларии со документи

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.

Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории со документација.

Во гаснењето учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени, возило од ЈКП „Дервен“, како и две специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен биле и шестмина полициски службеници од Велес.

Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавува чад.

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се испитуваат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тежок и вознемирувачки случај на насилство се случи синоќа во Охрид,објави powerinfo

ДЕСК

УТРОВО НУЛА СТЕПЕНИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ, 11 ВО ОХРИД И ПРЕТОР – Објавени измерените температури низ Македонија

ДЕСК

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК