Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со видеото што беше објавено на социјалните мрежи, а на кое едно лице качено на хауба се вози на улица.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против двајца млади скопјани откога на социјалните мрежи се појави видео од опасна и непромислена „возачка забава“ на скопските булевари.

Во видеото се гледа како едно лице стои на хаубата од автомобил во движење, а возачот, покрај тоа што управува без дозвола, вози и без регистарски таблички.

Станува збор за 20-годишниот С. З. и за 19-годишниот Р. Ѓ., двајцата од Скопје. Против нив се поднесени пријави по неколку основи, вклучително и управување без возачка дозвола, загрозување на сопствената и на туѓата безбедност, како и дозволување управување на самото без дозвола./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК