Centar.mk
-БИЗНИС

Имаат ли Македонците “буџет” да уживаат по ресторани и кафичи? Цените во угостителскиот сектор скокнале за 5,3 отсто за една година

Цените на угостителските услуги во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 5.0 %, информира ДЗС.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 5.3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.6 %.

Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за:
0.4 % кај Храна
1.6 % кај Алкохолни пијалаци
0.9 % кај Безалкохолни пијалаци
0.2 % кај Ноќевања

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Нафтата се продава за над 110 долари

ДЕСК