17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) СИТЕ ЛУКСУЗНИ И СКАПИ ВОЗИЛА: Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава, преземени и други мерки по ЗБСП

Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.

Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола.

Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +