Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

Дуи: Алармантно! Албанците непосакувани во армијата и во министерството за одбрана, од 74 вработени, само 1 е Албанец

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува исклучувањето на Албанците и другите заедници од последниот процес на вработување во Армијата и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

Од 74 нововработени:
71 се Македонци,
2 се од ромската заедница,
само 1 е Албанец,
ниту еден од другите заедници.

Ова не е само неправда! Ова е спроведување на систематски план за исклучување на Албанците и другите не-мнозински заедници од безбедносните институции, Армијата на државата, државната и јавната администрација.

Овој потег е сериозно кршење на Уставот и на уставната вредност на правична и соодветна застапеност, како што е гарантирано со правниот поредок на Република Северна Македонија.

Ова е алармантно. Бројките се застрашувачки. Ова деградирање и рушење на уставните вредности добива алармантни размери.

По деградирањето на единствениот албански генерал кој ги исполнуваше сите услови да го води Генералштабот на Армијата, систематското исклучување продолжува во официјална и институционална форма.

Ова е директен напад врз духот на Охридскиот договор, врз уставниот поредок и врз мултиетничкиот карактер на државата.

Каде е правичната и соодветна застапеност?
Каде е еднаквоста гарантирана со закон и Устав?
Зошто Албанците систематски се држат надвор од клучните институции на државата?

ДУИ нема да молчи пред неправдите.
ДУИ нема да стои со скрстени раце додека Албанците се исклучуваат и понижуваат.

Ние бараме:
• Итна истрага за овој скандалозен конкурс.
• Преземање одговорност од надлежните функционери во Министерството за одбрана.
• Бескомпромисна примена на правичната и соодветна застапеност во сите државни институции, вклучително и во безбедносните институции.

Државата не може да се гради врз основа на исклучување.
Државата не може да функционира без сите заедници.
Ова е реалноста што мора да се прифати, во спротивно, последиците ќе ги почувствува самата општествена кохезија.

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК