Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол

-На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане, соопшти МВР.

-При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Вонредна прес конференција најавена во СДСМ – ќе се обрати Филипче

ДЕСК

Мицкоски од Охрид: Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија

ДЕСК

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

ДЕСК