Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Поставивме нови паркинзи за велосипеди и тротинети во Центар, грижата и безбедноста за велосипедистите најважни

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби поставија нови паркинзи за велосипеди и тротинети на неколку локации низ Центар. Овие нови капацитети се дел од континуираните напори на Општина Центар за унапредување на урбаната инфраструктура и поттикнување на одржлив транспорт.

„Новите паркинзи се поставени кај Сквер Јадран, Водно кај маркетот Тинекс, во населбите Крњево и Кале, во Буњаковец кај Зегин, на улицата Рајко Жинзифов и пред зградата на Општина Центар. Со овие интервенции, Центар го правиме попријатно и пофункционално место за живеење. Досега доделивме над 584 субвенции за велосипеди, поттикнувајќи поздрави навики и подигнувајќи ја еко-свеста кај нашите сограѓани“, изјави Герасимовски.

За потсетување, пред еден месец, Општина Центар постави нови детски реквизити, кошаркарски табли, клупи и канти за отпадоци во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во населбата Мало Курило беше уредено детското игралиште со нова опрема, а нови кошаркарски табли беа поставени и во населбата Пролет, на спортското игралиште кај Зеленото пазарче и на игралиштето близу Градската болница.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!

ДЕСК

Општина Карпош: Изгласан ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година

ДЕСК

Битола: Одбележан 21 мај – Светскиот ден на културната разновидност

ДЕСК