Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот.

Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува заедници и инспирира идни шампиони.

Теренот во Свети Николе со гордост ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски, додавајќи му посебен дух и чест на овој простор. Претходно, фудбалската магија веќе оживеа во Охрид со теренот на Гоце Толески и во Велес со теренот посветен на Панче Ќумбев.

Свеченото отворање ќе се одржи утре, на 05.08.2025, со почеток во 18:30 часот, на ул. 29 Ноември.

Mozzart ве поканува да бидете дел од овој незаборавен момент – да го прославиме спортот, заедништвото и соништата.

„Ве покануваме сите љубители на фудбалот – дојдете, поддржете, инспирирајте! Заедно да го заокружиме патувањето на караванот оваа година со радост, емоција и верба дека фудбалот навистина е повеќе од игра,“ порачуваат од компанијата Mozzart

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК