Шукова со честитка за Илинден:
Денеска на овој голем празник го славиме и АСНОМ, го славиме и Илинден. Се поколонивме на сите оние коишто се бореа за нашата држава и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Меѓутоа не смееме да заборавиме и дека треба да одиме напред, дека треба градиме нова иднина за оваа држава и тоа треба да го направиме сите заедно.
Ваквите денови ни покажуваат дека само со заедништво можеме да одиме напред и само со заеднички напори на сите чинители во општеството, почнувајќи од обичниот граѓанин, па до сите оние коишто се должни да оваа држава функционира, впрочем и градот Скопје да ни функционира како што треба, тоа е мојата главна порака денеска.
Честитки до сите граѓани, честитки од мое лично и од СДСМ, да одиме напред и да се движи оваа држава во онаа насока којашто сите посакуваме, а тоа е ЕУ.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...