честитката од претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по повод празникот 2 Август – Илинденското востание
“На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците и другите заедници се обединија во заедничката борба за слобода и еднаквост.
Целтта беше остварена преку заедничкото владеење и еднаквата поделба на одговорностите за предводење на народот пред 122 години.
Денес, 2 август нè наоѓа не заедно, туку едни наспроти други, со тенденции за маргинализација и наметнување на етничка супремација.
По децении придонес за еднаквост и праведна поделба на одговорностите, денес се множиме со нула во спроведувањето на владините политики, во вработувањата, дипломатијата, безбедноста, културата, здравството, образованието, економијата, европската интеграција, и насекаде.
Охридскиот договор, кој претставува модерен Крушевски манифест, се обидуваат да го укинат, преку исклучување на албанскиот јазик од службена употреба, преку селективна и политички диригирана правда, преку отстранување на албанското национално знаме, преку укинување на Бадентеровото мнозинство и балансерот како механизми против мнозински диктат, непризнавање на резултатите од пописот, и промовирање на државни политики базирани на моноетничката доктрина – „повторно твоја“.
Ова опасно отстапување од манифестот на заедништвото од пред 122 години и во пресрет на 24-годишнината од Охридскиот договор, е резултат и на поданичкиот однос на една мала група Албанци – без амин од народот, без знаење и храброст за управување, без програма и без рбет да предводат, туку со единствена мотивација на слепата желба за власт, седнување во фотелји што им ги обезбеди падронот, а не народот преку демократски избори.
Драги сограѓани, Албанците се определени за унитарна и заедничка Северна Македонија – праведна и еднаква за сите, партнер во НАТО и идна членка на Европската Унија.
Сè друго што ќе слушнете од кој било друг е само пропаганда за поделби и владеење преку инсталирање на лажен страв кај граѓаните.
Да се почитуваме меѓусебно, да се вреднуваме, да работиме за еднаквост и заедништво, и да престанеме да го третираме овој дом како „твој“ или „мој“, туку како наш”
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...