2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Обвинителен акт против шест лица за фалсификување пари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе Обвинителен акт против шест лица за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На пет лица им се става на товар кривичното дело Фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување.

Од крајот на 2023 година до февруари 2025 година првообвинетиот на територија на македонска и српска територија создал група на која припадници станале останатите обвинети – македонски државјани и шест српски државјани за кои постапката се води во РСрбија. Првообвинетиот неовластено набавил и држел опрема и материјали за правење на лажни банкноти – евра во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра, кои припадниците на групата ги дистрибуирале до заинтересираните купувачи во РСрбија по цена од 25-30% од номиналната вредност на вистинските банкноти. Шестообвинетиот неовластено изработувал машини и делови за правење лажни пари и истите ги одржувал. Од јуни 2024 година до јануари 2025 година 114 .150 лажни евра групата ги продала за 42.400 евра.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +