26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мухамед е најпопуларното име за момчиња во Англија, втора година по ред

Објавени се најпопуларните имиња за бебиња родени во Англија и Велс во 2024 година, при што Мухамед е најпопуларното машко име втора година по ред, додека Ноа и Оливер го зазедоа второто и третото место, исто како и во 2023 година.

Според Би-Би-Си, Оливија и Амелија ги зазедоа првите две места за девојчиња трета година по ред, додека Исла падна од третото место и беше заменета со Лили.

Листата ја објави Канцеларијата за национална статистика (ONS), која ја составува листата врз основа на податоци од матичните книги на родени.

Новите имиња што влегоа во првите 100 за девојчиња се Елоиз, Нора, Мила, Роза, Атена, Сара и Зои. Новите имиња за момчиња се Остин, Натан, Вини и Јахја.

Мухамед го задржа првото место како најпопуларно машко име, со 5.721 бебиња што го добија ова име. Ова име е најпопуларно во пет од деветте региони на Англија.

Други варијации на името, исто така, се најдоа на листата: Мохамед се најде на 21-во место со 1.760 момчиња, а Мохамад на 53-то место со 986./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Падна хеликоптер: Голем број служби за итни случаи на лице место – детали за драмата на островот Вајт

ДЕСК

Остатоците од ураганот Ерин се движат кон Западна Европа, можни се бури и бранови до 12 метри

C +

Основачот на „Телеграм“: Франција го уништи својот углед како слободна земја

C +