1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Пропаднатиот поранешен претседател на Русија треба да биде внимателен што зборува

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планира да воведе царини од 25 проценти за производи од Индија. Тој ја обвини таа земја за, како што тврди, превисоки царини и блиски односи со Русија.

Тој објасни дека новите царини за индискиот извоз во САД ќе стапат во сила на 1 август заедно со дополнителни казнени мерки поврзани со купувањето руска нафта и оружје.

Сегашната царинска стапка за индиските производи во САД е десет проценти. Трамп ја нарече Индија земја со најсложени и најнезгодни немонетарни трговски бариери во светот. Набргу објави на својата социјална мрежа „Тру соушал“, каде што рече дека не го интересира што прави Индија со Русија и дека САД и Русија речиси никогаш не соработуваат заедно.

„Нивните царини се меѓу највисоките во светот. Ако сакаат да соработуваат со Русија, нека го прават тоа, но нека бидат внимателни бидејќи влегуваат во многу опасна зона“, рече Трамп.

Тој конкретно се осврна на Дмитриј Медведев кого го нарече пропаднат поранешен претседател на Русија велејќи дека мора да внимава што зборува.

Трамп објави дека ќе воведе царини за Москва во рок од десет дена ако Кремљ не се согласи да ја запре војната во Украина дотогаш. Медведев, сегашниот заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, остро реагира на објавата.

„Се игра со ултиматумот со Русија – 50 дена или десет. Треба да запомните две работи – прво, Русија не е Израел, и второ, секоја нова закана е чекор кон војна. И не само со Украина, туку и со САД. Не повторувајте ги грешките на Поспаниот Џо“, напиша Медведев на X./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

C +

Од топлотен бран до бури: силно невреме во Солун и на Халкидик

C +

САД воведоа санкции врз палестински функционери

C +