САД денес воведоа санкции врз функционери на Палестинската самоуправа (ПА) и Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО), велејќи дека групите ги поткопуваат мировните напори, додека американските функционери одделно се обидуваат да ги спасат разговорите за примирје во Газа.
Овој потег им оневозможува на луѓето погодени од санкциите да добијат визи за влез во САД, соопшти американскиот Стејт департмент, но не разјасни точно за кои лица станува збор.
„Во интерес на нашата национална безбедност е да се наметнат последици и ПЛО да ја сносат вината за непочитување на своите обврски и поткопување на перспективите за мир“, објави Стејт департментот во соопштението.
Стејт департментот соопшти дека двете палестински организации „презеле чекори за интернационализација на нивниот конфликт со Израел“, вклучително и преку Меѓународниот кривичен суд, и додаде дека обете продолжуваат да „го поддржуваат тероризмот“. Претставници на Палестинската самоуправа и Организацијата за ослободување на Палестина не беа веднаш достапни за коментар.
Санкциите дојдоа на денот кога се очекува специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да дојде во Израел во обид да ги спаси преговорите за прекин на огнот во Газа и да ја ублажи хуманитарната криза во палестинската енклава. Израел се соочува со зголемен меѓународен притисок поради војната во Газа, а неколку западни сили изјавија дека ќе ја признаат палестинската држава./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...