Centar.mk
СВЕТ

Од топлотен бран до бури: силно невреме во Солун и на Халкидик

Силното невреме што го погоди Солун во четвртокот наутро предизвика проблеми кај населението.

Обилните дождови ги претворија главните патишта во реки, а локалните извештаи покажуваат дека шахтите пукнале под притисокот на водата, објавува „Товима“.

Мотоциклист е повреден кога изгубил контрола на лизгава улица во центарот на градот, поточно на прометната авенија Цимиски.

Според анализите на феноменот преку страницата Weather Analysis на „Фејсбук“, за помалку од еден час се забележани 37 литри дожд на квадратен метар, количина што одговара на просечните вкупни врнежи од дожд за цел јули, пренесува медиумот.

Службите за цивилна заштита се во состојба на готовност бидејќи слични временски услови се очекуваат и во наредните денови според прогнозите, објавува grtimes.gr.

Обилни врнежи од дожд се регистрирани во Солун, на Халкидик и во Кукуш, како и на планинските делови во Епир, Тесалија, Спорадиските Острови и во некои делови од Тракија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ирански медиуми објавија фотографија од запален танкер во Ормутскиот теснец

C +

Иранскиот претседател: Никогаш нема да се предадеме

C +

„Емирати“ повторно ги активира летовите од Дубаи по привремената суспензија

C +