1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Медведев до Трамп: „Нека се потсети на своите омилени филмови за „живите мртовци“

„Не ме интересира што прави Индија со Русија. Тие може заедно да ги уништат своите мртви економии, според мене“.

Оваа порака, објавена на социјалната мрежа „Тру соушал“, е уште една во низата што американскиот претседател неодамна ги упати кон Русија, Индија и кон поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, пренесуваат медиумите во светот.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ги коментира зборовите на Трамп на „Телеграм“.

„Ако некои зборови на поранешниот претседател на Русија предизвикуваат толку нервозна реакција од толку моќен американски претседател, тоа значи дека Русија е во право во сè и ќе продолжи да оди по својот пат“.

„А што се однесува до мртвата економија на Индија и на Русија и влегувањето во опасна територија – нека се сети на своите омилени филмови за живите мртовци, како и колку опасна може да биде непостојната мртва рака“, напиша Медведев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

C +

Од топлотен бран до бури: силно невреме во Солун и на Халкидик

C +

САД воведоа санкции врз палестински функционери

C +