1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градоначалникот на општина Илинден додели финансиска поддршка за истакнати спортисти

Општина Илинден и годинава ја продолжува традицијата за поддршка на спортот, со доделување еднократна финансиска помош за спортисти кои живеат на нејзина територија. Решенијата за финансиска поддршка беа врачени од градоначалникот Александар Георгиевски, кој истакна дека општината останува посветена на унапредување на спортот и охрабрување на младите да се вклучат во спортски активности.

„Оваа мерка има за цел да ги награди спортистите кои постигнале извонредни резултати, но и да ги мотивира останатите да се стремат кон уште поголеми успеси. Поддршката нема да застане тука – ќе продолжиме со истата посветеност и во иднина“, изјави градоначалникот Георгиевски.

Финансиската поддршка е поделена во неколку категории, а износот кој го доделува Општината изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари, додека за младинските категории 50% од предвидените суми.

Покрај индивидуалните спортисти, Општина Илинден обезбедува финансиска поддршка и за спортските клубови преку Програмата за спорт. Дополнително, општината активно вложува во спортската инфраструктура преку реконструкција на постоечки објекти, изградба на нови спортски терени и овозможување бесплатно користење на спортските сали и терени.

Со поддршка на бројни локални и национални спортски настани, Илинден се етаблира како општина која го препознава значењето на спортот за заедницата и активно инвестира во неговиот развој.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центарци алармираа, ние го расчистивми просторот спроти Нова Македонија

ДЕСК

Утревечер посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Целосно реконструирано спортското и детско игралиште во населбата Кале

ДЕСК