1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион со 288 патници наишол на силни турбуленции над САД: 25 повредени

Авион итно слета на меѓународниот аеродром „Минеаполис-Сент Пол“ кога 25 лица беа повредени поради силна турбуленција, јавуваат светските медиуми.

Летот „56“ за Амстердам полета од аеродромот „Солт Лејк Сити“ во 16.30 часот по локално време во средата. Летот требало да трае девет часа, но авионот бил пренасочен кон Минеаполис поради турбуленција.

Медицински персонал го пречекал „ербасот А330-900“ за да ги проценат патниците и екипажот, кои пристигнале во Минеаполис. 25-те патници биле однесени во локалните болници на лекување. Компанијата соопшти дека работи со патниците за да се задоволат нивните непосредни потреби.

Во авионот имало 275 патници и 13 члена на екипажот. Според официјалните податоци од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, во САД имало 207 сериозни повреди предизвикани од турбуленции од 2009 година, според официјалните податоци од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.

Секоја година во целиот свет има речиси 35 милиони лета, а процените сугерираат дека има приближно 5.000 инциденти на силна турбуленција. Силната турбуленција се дефинира како состојба во која движењето нагоре-надолу на авион што минува низ турбулентен воздух врши сила врз вашето тело, која е доволна за да ве подигне од седиштето ако не носите сигурносен појас./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

C +

Од топлотен бран до бури: силно невреме во Солун и на Халкидик

C +

САД воведоа санкции врз палестински функционери

C +