Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Утревечер посебен режим на сообраќај во Скопје

На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул.„11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со ул.„Даме Груев“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК