Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

Денес, во рамките на континуираните активности за унапредување на здравствените услуги, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, остварија работна посета на ЈЗУ Општа болница Велес.

Во фокусот на посетата беа состојбите со здравствените услуги на регионално ниво, унапредувањето на соработката помеѓу болницата и Фондот, како и презентирањето на новите мерки за подобрување на достапноста до онколошката терапија за пациентите.

Од 4 август 2025 година, пациентите кои се лекуваат со таблетарна онколошка терапија – анастрозол и летрозол, ќе можат својата терапија да ја подигнуваат директно во аптеките, на товар на Фондот.

„Со оваа мерка, пристапот до терапијата значително се олеснува, а пациентите ќе имаат поедноставена процедура. Потребно е само да добијат извештај од својот онколог, да земат рецепт од матичен лекар и со тоа да ја подигнат терапијата во аптека. Партиципацијата ќе изнесува околу 50 денари“, истакнаа генералните директори.

Во текот на посетата, беше најавена и набавка на нова медицинска опрема за потребите на болницата.

„Велешка Општа болница ќе набавува медицинска опрема за Интерно, за Очно, Детско и за Одделението за неврологија и психијатрија. Набавката е обезбедена од вкупно издвоените 40 милиони денари фондовски средства, од кои поголемиот дел се за подмирување на долгот на установата, а дел за плати на нововработените и за нова опрема,“ нагласи Клековски.

„Ќе се набавува медицинска опрема за повеќе одделенија. Ќе ја потенцирам најзначајната – за Одделението за офталмологија, каде веќе е набавен вакум апарат, а сега ќе се набави и микроскоп, со што ќе се комплетира опремата за редовна работа. Тоа значи дека во Велес ќе можат да се изведуваат и хируршки зафати на очи“, додаде Клековски.

Работната посета на Велешката болница е дел од пошироките активности на Фондот за приближување на здравствените услуги до граѓаните и воспоставување одржлив модел на лекување кој ги става пациентите во центарот на вниманието, велат надлежните./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пукање во скопско, има уапсени

ДЕСК

Викендов сончево време со услови за локален пороен дожд

C +

Се трага по 43 годишна скопјанка која се оддалечила од домот

ДЕСК