Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против управител и против правно лице за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против управител на правно лице Д.К.(30) од Скопје и против правното лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став2 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Првопријавениот, како одговорно лице во пријавеното правно лице, по добивање на решение од 27.05.2024 од Министерството за здравство за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротивно на одредбите од чл.26-б од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, а при тоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК