24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Целосно реконструирано спортското и детско игралиште во населбата Кале

Општина Центар ја финализираше целосната реконструкција на спортското и детско игралиште во населбата Кале, создавајќи модерен, безбеден и функционален простор за спорт, игра и дружење на отворено.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа инвестиција, Општината продолжува со активното унапредување на јавните простори во сите маала.

„Изминатиов период инвестиравме во нови спортски и детски игралишта низ Центар. Се грижиме тие да бидат модерни, функционални и достапни за сите, затоа што активниот живот и квалитетниот јавен простор се приоритет за нас”, изјави Герасимовски.

Во рамки на реконструкцијата на игралиштето на Кале се реализирани следниве активности: изградба на ново фудбалско игралиште со современа подлога, поставување на нова заштитна ограда, поставување на нова тревна подлога на детското игралиште, изградба на нов летниковец за одмор и социјализација и целосно уредување на просторот со елементи за спорт и рекреација.

Обновениот простор веќе претставува ново омилено собиралиште за жителите од сите возрасти и е достапен за сите посетители.

Општина Центар и натаму вложува во современи и безбедни јавни простори со цел да обезбеди подобар квалитет на живот и повеќе можности за активен одмор и дружење на граѓаните.

Воедно, од Општината апелираат до сите граѓани да ги чуваат и заеднички да се грижат за јавните простори, особено за детските игралишта. Вандализмот не само што предизвикува материјална штета, туку и ја загрозува безбедноста на најмладите. Овие простори се создадени за децата и заедницата – да ги зачуваме и почитуваме како такви.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: 24 години ЕБР – врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК