Centar.mk
Uncategorized

Заев демантира поврзаност со осомничениот за потпалување пожар Николов

Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантираше тврдењата дека Александар Николов, лицето за коешто вчера МВР соопшти дека е приведено под сомнение дека подметнувал пожар во струмичко, бил него возач додека тој бил градоначалник на Струмица.

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.

Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, истакна Заев во изјава за „Фокус“.

Можеби ќе ве интересира

Блесна новогодишната елка во Скопје

ДЕСК

СДСМ: Македонија – црна точка, програма на ВМРО-ДПМНЕ 2030!

ДЕСК

Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун

ДЕСК