Centar.mk
Uncategorized

Тешка сообраќајка во Охрид – повеќемина повредени

На 28.07.2025 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(32) од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(51) од с.Лескоец, охридско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, 62-годишната Л.П. и К.П.(30), двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВРТОКОТ НОСИ НЕОЧЕКУВАНИ ПРЕСВРТИ – Три знаци пред важна одлука, еден добива шанса што не ја очекувал

ДЕСК

Тошковски: Седум жртви на фемицид имаше и во 2022 и во 2018 година, но од тие што денес се најгласни немаше барање за оставка од тогашниот министер за внатрешни

ДЕСК

Тошковски: Безбедноста на новинарите е предуслов за слободни медиуми и силна демократија – формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите

ДЕСК