Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ВРНЕЖИ, НЕКАДЕ ВО ФОРМА И НА НЕВРЕМЕ – Метеоцентар со четири дневна прогноза

Утре во попладневните часови, во текот на ноќта кон четврток и во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и првите денови од следната седмица.

Прогноза за 31.07.2025
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 23°C до 32°C

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 01.08.2025
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.08.2025
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК