Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

Демант на МВР:

Во врска со написите објавени на некои портали поврзани со измените на Законот за полиција со тврдења дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа, Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла неточните и тенденциозни наводи и ја информира јавноста за следново:

Бришењето на членот 119 од Законот за полиција, кој досега го регулираше престанокот на работен однос на полициски службеници по правосилна пресуда, не значи укинување на санкционирањето, туку усогласување со новиот Закон за внатрешни работи и генералната регулатива од Законот за работни односи.

Имено:
– Предметната материја сега е регулирана во член 154 од новиот Закон за внатрешни работи, кој се однесува на сите вработени во Министерството, вклучително и на полициските службеници.
– Дополнително, член 154 од ЗВР е во целост усогласен со член 99 од Законот за работни односи, кој го регулира прашањето на отказ поради правосилна судска одлука, изречена забрана, безбедносна мерка или казна затвор подолга од шест месеци.

Со ова, не само што не се укинува одговорноста, туку се постигнува усогласен, правно доследен и функционален пристап, без дуплирање на законски одредби во повеќе закони.

Законот за полиција е специјален закон кој ги уредува само правата и обврските на полициските службеници, додека Законот за внатрешни работи важи за сите вработени во МВР, вклучително и полициските службеници.

Квалификациите дека со измените се дозволува „осудени полицајци да останат на работа“ се неосновани, непрофесионални и ја дезинформираат јавноста, без да го земат предвид законскиот контекст и усогласеноста на прописите.

Министерството останува посветено на законитоста, интегритетот на полицијата и транспарентно информирање на јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ВРНЕЖИ, НЕКАДЕ ВО ФОРМА И НА НЕВРЕМЕ – Метеоцентар со четири дневна прогноза

ДЕСК